Насловна / Вести / Во Германија отворен соларниот парк Witznitz, најголем во Европа

Во Германија отворен соларниот парк Witznitz, најголем во Европа

Само 22 месеци по почетокот на работите, инвестициската компанија Hansainvest Real Assets, дел од групацијата за осигурување и финансиски услуги Signal Iduna, свечено го пушти во погон соларниот парк Witznitz, со инсталиран капацитет од 605 MW. Проектот е развиен од страна на компанијата Move On Energy. Новата постројка е лоцирана во јужниот дел на Лајпциг, и веќе го надмина проектот на Iberdrola, Francisco Pizarro, кој досега го носеше епитетот „најголем во Европа“, со 533 MW. Новиот соларен парк во Германија се состои од десет целини и 1,1 милиони модули. Локацијата опфаќа над 500 хектари површина на која претходно постоел јагленокопот Witznitz 2, како и 150 хектари околно земјиште.

1_111

Shell Energy Europe потпишал договор за превземање на електричната енергија (PPA) која ќе ја обезбедува овој капацитет, а исто така потпишан е и договор со компанијата Microsoft. Во намера да го ублажат влијанието врз животната средина и да пружат одредени поволности за локалната заедница, инвестииторите изградиле велосипедски и пешачки патеки од 13 километри, посадиле жива ограда по границата на фотонапонскиот погон и пошумиле 13 хектари површина.

1_112

 

Испрати коментар

Scroll To Top