Француската влада подготвува закон кој ќе овозможи изградба на нуклеарни електрани со вкупна моќност и до 23GW, што е еквивалент на 14 реактори, кои ќе ги заменат постројките на кои им зaвршува експлоатациониот век. Министерката за енергетска транзиција Ањес Пание Ринаше, изјавила дека на Франција и е потребно повеќе нуклеарна енергија, со цел уделот на фосилните горива да падне на 40% најдоцна до 2035 година. Владата работи на закон за енергетика, со кој во официјалната стратегија би влегле плановите за изградба на уште осум големи нуклеарни реактори. Предвидено е предлогот до францускиот парламент да биде доставен во февруари, откако ќе биде изгласан од кабинетот. Критичарите предупредуваат дека владата не вклучила обврска за уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка на енергија од 44% најдоцна до 2030 година, во согласност со Директивата на ЕУ за обновлива енергија. Освен тоа, дури и се избришани одредбите за домашните цели за електрична енергија од обновливи извори и енергетска ефикасност.
Судејќи по официјалните предлози, државната компанија EdF, која неодамна со емисијата на првите зелени обврзници за нуклерана енергија во Европа, собра една милијрда евра, би останала главна во спроведувањето на целокупната иницијатива. Притоа, владата подготвува субвенции од десетина милијарди евра. Франција е главен заговорник на своевидната ренесанса, како што ја нарекува претседателот Мaкрон во доменот на нуклеарните електрани во ЕУ. Пред една година, владата објавила дека ќе го продолжи работниот век на постоечките нуклеарки, колку што тоа би било максимално изводливо. Во меѓувреме, формираше сојуз на европските земји кои ја поддржуваат идејата за нов бран на инвестиции. Во тек е и формирање на индустриска алијанса на ЕУ за мали нуклеарни реактори (SMR). Дваесет и четири земји и над 120 компании, ветија на Конференцијата на ОН за климата COP28, дека ќе придонесат во исполнувањето на целта за удвојување на капацитетот на нуклеарните електрани во светот до 2050 година.