Насловна / Архитектура / Во Франција се гради нов замок според средновековните техники

Во Франција се гради нов замок според средновековните техники

Во срцето на Франција, се гради цел замок како што би изгледал во средниот век, опкружен со sидови, со стражарски кули и ров. Меѓутоа, кога ќе погледнете подетално, сфаќате дека зградата не само што изгледа како да е направена во средниот век, туку и техниките на занаетчиство што се користат се сè друго освен модерни.

zamok

Ова е секако еден од најневообичаените градежни проекти во цела Европа. Замокот Гуделон, близу француското село Трењи, е изграден исклучиво со употреба на методи и материјали кои датираат од почетокот на 13 век. Затоа, секој камен за зградата е изваден од блискиот каменолом, а потоа каменоресците рачно го обликуваат во соодветна големина. Секоја алатка е искована на лице место користејќи традиционални техники.

Дури и пигментите во работилницата за ѕидни бои се направени од мелен камен земен директно од земјата. Тоа е исцрпувачка и долготрајна работа за околу 70 занаетчии кои работат тука од 1997 година, а крајот не е на повидок, пишува Дојче веле.

zamok1

Замокот Гуделон е дизајниран од архитектот Жак Мулен, заснован на архитектонскиот стил од периодот на Филип Август, кралот на Франција од 1180 до 1223 година. Филип е познат по стандардизацијата на воената архитектура на замоците во француското кралство, па благодарение на него се појавија структури како што е познатиот Лувр во Париз. Зградите од овој период се полигонални темели, со големи камени sидови, кули, ровови и влезни порти. Токму таков ќе биде и новиот замок Гуелдон.

zamok2

Целта на проектот е да се организираат процесите на средновековното градилиште што е можно попрецизно и да се земе предвид потеклото на суровините – од производство до транспорт. Градилиштето се потпира на многу различни традиционални занаетчии, така што има sидари, каменоресци, ѕидари кои прават малтер точно како што бил подготвен во 13-от век. Тимот вклучува и столари, ковачи, грнчари, сликари, ткајачи на корпи и градинари.

zamok3

Изградбата е почната во 1997 година и сè уште трае. На веб-страницата, можете да ги следите сите фази на изградба, почнувајќи со расчистување на локацијата, премин кон изградба на темели и sидови од 1999 до 2000 година, потоа изградба на резервоари за вода. Работите на внатрешната архитектура се одвиваа од 2003 до 2008 година. Пред десет години беше завршен најголемиот свод, а во 2012 година почнато е и првото сликање. Капелата неодамна е целосно покриена, а светло добива низ тесните прозорци кои ќе бидат украсени со витраж.

Замокот Гуделон не е само резултат на долгогодишно истражување, туку и локална туристичка атракција отворена за посетители. Туристите можат да се потопат во светот на средниот век, но и да почувствуваат како изгледале градилиштата пред скоро илјада години. Гуделон се труди да го претстави средновековниот живот и дело, обезбедувајќи им на сите заинтересирани страни информации за долго заборавените градежни техники.

Можете да ја поддржите изградбата на замокот сами со аплицирање за волонтерска работа, или поедноставно, плаќајќи 14 евра за билет.

zamok4

Испрати коментар

Scroll To Top