Насловна / Вести / Во Франција само 400 илјади нови станови

Во Франција само 400 илјади нови станови

 

stanovi vo francija1

На годишно ниво, во периодот од јануари до септември, бројот на изградени станови во Франција е 391.001 станови, што значи дека е намален за 12,5 отсто.

Инаку бројот на издадени градежни дозволи во септември е зголемен, но со помала стапка отколку во претходните месеци. Исто така во пораст е и бројот на започнати градби, објави француското министерство за екологија и одржлив развој.

За периодот јуни – септември, во однос на претходното тримесечје, бројот на издадени градежни дозволи е зголемен за 1,2 насто, а бројот на започнати градби е пораснат за 0,5 насто, пренесе Ројтерс.

Во однос на третиот квартал од минатата година, бројот на започнати градби е опаднат за 11,7 отсто.

Инаку во третиот квартал изградени се 103.221 станови, што е за 3,3 насто повеќе отколку во истиот период лани.

Испрати коментар

Scroll To Top