Насловна / Вести / Во Финска отворена најголемата термоцентрала на биомаса во светот

Во Финска отворена најголемата термоцентрала на биомаса во светот

Vaskiluodon voimala
На 11 март годинава во Васa, Финска, почна со работа најголемата термоцентрала на биомаса во светот, односно најголемата био-гасификациона постројка со моќност од 140 MW. Постројката на биогас е всушност инсталирана во постоечка термоцентрала која досега користела единствено јаглен како енергент, и која има инсталиран капацитет од 565 MW. Сега како гориво се користи и дрвна биомаса односно дрвниот отпад од земјата.

biomasa centrala Finska3
Co оваа термоцентрала управува компанијата „Vaskiluodon voima“, од каде истакнуваат дека годишната добивка ќе изнесува 15 милиони евра. Биомасата се користи како енергент во комбинација со јагленот, при што ќе се супституира сериозна количина јаглен, односно неговата потрошувачка ќе се намали за 25 до 40%. Освен економските бенефити, оваа технологија сериозно влијае и на намалувањето на емисијата на стакленички гасови, а кога на ова ќе се надоврзат и вработувања на стручен кадар, несомнено е дека се работи за одржлив концепт.

Biomasa centrala Finska
Компанијата „Metso“ ja има развиено и имплементирано оваа технологија, од каде тврдат дека дури половина од јагленот може да се замени со биогас.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top