Насловна / Вести / Во Финска изградба на челичарница со 95% пониски емисии во споредба со конвенционалните фабрики

Во Финска изградба на челичарница со 95% пониски емисии во споредба со конвенционалните фабрики

Производството на челик е еден од секторите кои е најтешко да се карбонизираат. Големите играчи се во трка да воведат најсовремени технологии со цел да ги избегнат растечките трошоци на име на емисии на јаглерод диоксид и да ги задоволат потребите на купувачите кои имаат намера да постигнат јаглеродна неутралност. Неодамна, една студија покажала дека префрлањето на челичарниците на електролачни печки и замената на фосилните горива со водород во процесот на редукција, чини и до седум милијарди евра, доколку се користи исклучува електрична енергија од обновливи извори.

Hot Steel Rolls Manufacturing Process

steel2

Blastr Green Steel, со седиште во Норвешка, почнува од нула. Таа компанија, која во 2021 година е основана од страна на инвестициската фирма Vanir Green Industries (VGI), планира во јужниот дел на Финска да стартува со производство на „зелен“ челик со интегриран погон за електрозила, во кој ќе се произведува водород со користење на електрична енергија од обновливи извори. Инвестицијата е проценета на 4 милијарди евра, што е една од најголемите досега во индустриското производство на оваа земја. Blastr тврди дека во фабриката ќе бидат постојано вработени до 1.200 луѓе. Почетокот на работите е предвиден за 2026 година. Blastr објави дека наместо кокс и јаглен, ќе се користи водород и така ќе се намали јаглеродниот отпечаток долж целиот вредносен синџир, со цел емисиите на јаглерод диоксид бидат 95% пониски отколку кај класичната технологија. Планот е да се произведува 2,5 милиони тони висококвалитетен топловалан и ладновалан челик годишно. Финска е избрана поради големата расположивост на енергија од ветерни електрани.

steel3

 

Испрати коментар

Scroll To Top