Компанијата Delta Holding планира изградба на трговски центар „Делта Планет“ во Ниш, a почетокот на работите се очекува во февруари 2018 година. Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра. Предвидено е изградбата да трае 15 месеци, а се работи за модерен објект на две нивоа со многу продавници, кафулиња, ресторани и паркинг за 880 возила.
Инаку, локацијата на која ќе никне овој објект е позната од поодамна. Станува збор за простор на поранешен „Ниш Експрес“, кој „Делта“ го има купено уште во 2008 година токму за оваа намена. Вкупната површина на парцелата е 6,96 хектари, додека вкупната површина на молот ќе биде 40.000 квадратни метри, и ќе биде најголемиот шопинг мол во Србија.