Насловна / Вести / Во Европската Унија ќе се користи унифициран полнач за мобилни телефони?

Во Европската Унија ќе се користи унифициран полнач за мобилни телефони?

Европската Унија повторно го постави прашањето за воведување унифициран полнач за мобилни телефони од различни производители. Ваквата мерка би можела да доведе до тоа за „андроид“ и „ајфон“ уредите да се користи идентичен полнач.

ЕУ ја испитува можноста за воведување на ист полнач за мобилни телефони речиси цела една деценија откако беше утврдено дека 51 000 тони електричен отпад во рамки на ЕУ потекнува токму од стари и искористени полначи.

телефон

 

Покрај тоа, корисниците на „ајфон“ и „андроид“ паметни телефони често се жалат поради користење на различни полначи, пишува веб-страницата „Еурактив“.

Како одговор на притисоците на Европската Унија, 14 компании, вклучувајќи ги „епл“, „самсунг“, „нокиа“ и „хуавеј“, потпишаа доброволен Mеморандум за разбирање (MoU) во 2009 година, со желба да ги хармонизираат своите модели на мобилни телефони, кои ќе се појават на пазарот од 2011 година натаму.

Откако меморандумот истече во 2012 година, некои компании пишува писма за своите намери во 2013 и 2014 година.

Сепак, одговорните во ЕУ не се задоволни од ваквата „статус кво“ ситуација.

„Поради несоодветниот напредок на овој доброволен договор, Комисијата наскоро ќе почне студија за процена на трошоците и придобивките од разни други опции“, изјави комесарката за заштита на конкуренцијата во ЕУ, Маргарет Вестагер, на 1 август како одговор на пратеничко прашање во Европскиот парламент.

(Макфакс)

Испрати коментар

Scroll To Top