Насловна / Вести / Во Европа стигнува уште еден мал и евтин кинески електричен автомобил

Во Европа стигнува уште еден мал и евтин кинески електричен автомобил

Моделот i-Go, кој е во понудата на компанијата Mullen Automotive, многу сличен на Smart моделите, и исклучително популарен во Кина, наскоро би можел да се најде во европските метрополи. Овој модел има електромотор од 46 hp, и батерија од  16.5 kWh, која според NEDC стандардот обезбедува домет од 200 km. Неговата маса е само  795 килограми и може да развие максимална брзина од 100 km/h.

иго1

иго2

 

Производителот Henan Henrey Shiying Vehicle, вели дека моделот е одличен за типични европски улици и направен е така да го намали нивото на бучава во урбаните средини. Автомобилот е во целост оптимиран и конфигуриран да биде комерцијално електрично возило во целост сертифицирано за продажба во Велика Британија, Германија, Шпанија, Франција и Ирска, а потоа би можел да пристигне и во останатите делови од Европа. Според тврдењата на производителот, возилото стигнува во Германија веќе во декември оваа година, а почетната цена е околу 12.000 евра. Во Кина ово модел често се користи како автомобил за достава на храна, а често е избор на луѓето кои прв пат купуваат автомобил.

иго3

 

Испрати коментар

Scroll To Top