Насловна / Вести / Во ЕУ се развиваат проекти за електролизери со вкупна моќност од 67GW

Во ЕУ се развиваат проекти за електролизери со вкупна моќност од 67GW

Во Европската Унија се развиваат проекти за инсталација на електролизери со капацитет од 67 GW, што е повеќе од целта која е официјално поставена за 2030 година, но проблемот е во тоа што засега реализацијата на овие проекти е слаба. Ситуацијата во ЕУ е слична и во другите делови ан светот. Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), од сите најавени проекти ширум светот, само 4% ја достигнале фазата на реализација. Како да се забрза развојот на оваа индустрија беше тема на првиот од серијата „Дијалози за чиста транзиција“ (Clean Transition Dialogues), покренати од Европската комисија.

dialogue1

dialogue2

Првиот дијалог со претставници од целиот вредносен синџир на водородот, го отвори претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На настанот е истакнато дека регулаторната рамка на ЕУ за водород е речиси завршена, подготвени се огромни средства за поддршка, а во тек е глобален развој на пазарот на чист водород. Средствата за инвестиции се обезбедени преку програмата NextGenerationEU и REPowerEU, а одобрени се и дополнителни над 17 милијарди евра државна помош за 80 водородни проекти ширум ЕУ. Првите аукции во организацја на Hydrogen Bank, закажани се за следниот месец. Постојат огромни потреби за финансирање, односно неопходни се околу 570 милијарди евра до 2030 година, доколку се цели кон производство од 10 милијарди тони годишно зелен водород. За да се постигне тоа, Hydrogen Bank мора да служи како one-stop shop, да ги поедностави и забрза процедурите, и да го намали ризикот за инвестициите со помош на Европската инвестициска банка (EIB) и другите јавни национални банки. Уште еден од заклучоците се однесува на фактот дека изградбата на европскиот синџир за снабдување на индустријата на водород, која ги вклучува критичните технологии, ќе биде клучна за инсталирање на капацитетите за производство на водород во ЕУ. Потребна е и интеграција на побарувачката, па се смета дека постоечката форма на заедничко купување во секторот гас, ќе може да се искористи како добро искуство.

dialogue3

 

Испрати коментар

Scroll To Top