Силната загриженост и критиките поради влијанието на хидроцентралите врз природата и квалитетот на живот, доведе до преиспитување на ставот кон тие проекти, па секретаријатот на Енергетската заедница бара од поединците, компаниите и организациите сугестии околу политиките во врска со малите хидроцентрали (МХЕ). Државните институции, компании, асоцијации, организации за заштита на потрошувачите и животната средина, и граѓаните имаат прилика да придонесат во обликувањето на насоките за политиките кон МХЕ, преку Енергетската заедница. Јавните консултации се покренати во екот на раширената загриженост на МХЕ за влијанието врз животната средина и квалитетот на живот. Ефектите од овие проекти имаат кулулативен карактер и можат да се почувствуваат на големи делови од сливовите на реките, или дури и на целокупното тоа подрачје, стои во предложената верзија на документот. Хидроцентралите мора да бидат во склад со правните придобивки на Европската унија и текот на проектирањето и изградбата, како и експлоатацијата, нагласува Секретаријатот. Нацртот на насоките за политиките ги прикажува процедурите за јавно учество, иницијална проценка, одредување на бариерите, и изработка на извештај за состојбата на животната средина, проценка на влијанието врз животната средина (EIA) и стратешката проценка на влијанието врз животната средина (SEA).
Секретаријатот на Енергетската заедница укажува на забраната за државна помош или селективно давање на предност. Тие се јавуваат во облик на feed in tariffs, feed in premiums, трансфер на сопственост над недвижностите и земјиште под пазарната цена, а може да се случи и властите да дозволат користење на ресурсите без соодветен надомест.
Проектите за МХЕ можат да предизвикаат значителна штета доколку не се испланираат внимателно, а придобивката од производството на електрична енергија е минимална, велат во Секретаријатот. Животната средина „често е жртва на слабата примена на прописите“, во земјите од регионот. Нарушувањето на имотните права на граѓаните и препреките во однос на пристапот до вода и земјиште се наведени меѓу многуте ризици поврзани со споменатата активност. Исто така, малите проекти можат да влијаат на протокот и квалитетот на водата во речното користо, а изградбата на брани доведува до промена на температурата. Сето тоа, може да има последици по осетливите видови и биодиверзитетот воопшто.