Насловна / Вести / Во Џакарта е отворен ресторан кој виси во воздухот на 50 метри височина

Во Џакарта е отворен ресторан кој виси во воздухот на 50 метри височина

Луѓето кои би сакале да искусат ручек или вечера на подвижна платформа, тоа ќе може да го направат во Џакарта. Во индонезискиот град неодамна е отворен несекојдневен ресторан Lounge in The Sky, кој на гостите им пружа единствено искуство на оброк на 50 метри височина. Во текот на едночасовната вечера, гостите се препуштаат на искуството на вечерање на отворено кое се вбројува во редот на „најекстравагантните“ на светот.  Ваков тип на ресторан е отворен за прв пат во Индонезија, а станува збор за трет во светот, после Белгија и Малезија.

jakarta1

jakarta2

Во текот на уживањето во оброците, гостите ќе користат сигурносни појаси, а ќе бидат и претходно запознаени со сигурносните прописи, односно пред подигањето на платформата. На платформата во исто време може да престојуваат 32 луѓе, а цената на оброкот се движи од 110 до 260 долари. Ресторанот има одредени правила за своите гости, вклучувајќи ја и минималната старост од 17 години, максималната теќина од 150 килограми, и минимална височина од 135 сантиметри. Телескопската дигалка од 300 тони, го држи Lounge in The Sky во воздухот, а овој ресторан во Џакарта ќе се задржи 3 месеци. Пред отворањето на ресторанот, на листата на чекање биле 5.000 гости.

jakarta3

jakarta4

Испрати коментар

Scroll To Top