Насловна / Архитектура / Во духот на стариот Лондон

Во духот на стариот Лондон

Во делот на Лондон, Ајлингтон доминираат куќи и згради изградени во викторијански стил, кои во Велика Британија биле застапени во текот на 18 и 19 век. Токму во тој дел на Ајлигтон се наоѓа куќата на едно младо семејство, чија желба била да се прошири просторот во кој заедно ќе го поминуваат слободното време, односно да се зголеми површината на трпезаријата и просторот  за игра на децата.

1

Семејството ги ангажирало Fraher Architects за проектот за надградба, познати по развивањето на современи идеи и проекти на чувствителни места, како што се зони на заштитена архитектура. За да го испочитуваат пропишаниот начин на градба и да го направат темниот приземен дел од куќата посветол, архитектите решиле да ја прошират куќата кон градината. Страната на надградбата свртена кон градината е целосно покриена со стакло, што овозможува максимален прилив на природна светлина и прави куќата и градината да изгледаат како една целина.

2

Архитектите сакале да внесат малку разновидност и топлина во околината во која доминираат тули, така надградбата од надворешната страна ја обложиле со светли плочи од ариш. Со надградба по желба на сопственикот добиени се пространа трпезарија и работна соба.

4

5

Во ентериерот на куќата доминира белата боја и минималистички дизајн, што визуелно дополнително го зголемува просторот. Иако површината на градината е намалена, сепак останало доволно простор за една мала градска градина, која на сопствениците ќе им обезбеди доволно простор за одмор и релаксација. Градината е направена на две нивоа, а во секое има простор за седење и жардинери за растенија. Покрај растенијата, за топлиот изглед на градината придонесува и зелениот кров поставен на врвот на надградбата, кој се гледа и од спалните соби.

8

Зелениот кров не е единствениот одржлив елемент на оваа куќа. Опремена е и со систем за собирање дождовница кој се користи за наводнување на градината и потребите на домаќинството како техничка вода. Целото решение покажува дека архитектите освен на зачувување на архитектурата и традицијата, големо внимание посветуваат и на зачувувањето на природата.

3

Екстензијата на куќата и градината не го нарушуваат изгледот на старата архитектура, туку внесуваат малку живост во делот од градот во кој доминира црвената тула. Се условено со урбанистичкиот план и законите кои бараат зачувување на старите објекти.

9

6

7

Испрати коментар

Scroll To Top