Туристите што ќе стигнат во најголемиот град на Емиратите овој март, ќе бидат во можност да направат пауза во магацинот Zumtobel Lighting и да си дремат на удобни лежалки.
Француската компанија за производство на мебел Smarin, креира привремена инсталација, која се состои од удобни лежалки, чија единствена функција е да ги поттикне посетителите да направат пауза од долгите прошетки и да дремнат.
Проектот наречен Nap Bar е дел од настанот Денови на дизајн во Дубаи (Design Days Dubai).
Лежалките се направени од мемори пена со различна густина, со цел соодветно да се приспособат на одредени делови од телото.
Во прилог на овие лежалки, во Nap Bar ќе бидат поставени и перници и покривачи, а посетителите ќе можат да се послужат со билни чаеви и етерични масла, во комбинација со релаксирачка музика во заднина, пишува Contemporist.
Smarin e француска компанија која произведува indoor и outdoor мебел.
„Идејата за Nap Bar ми дојде за време на моите патувања низ поголемите градови. Сакам често да правам паузи од долгите пешачења и да се напијам кафе, но всушност повеќе во тие ситуации ми треба вистински мал одмор“, вели Стефани Марин, основач на компанијата Smarin.
Сите што сакаат да отидат на дремка во Nap Bar, тоа ќе можат да го сторат во периодот од 9 до 31 март.