Насловна / Вести / Во Дубаи отворена најголемата во светот електрана на концентрирана соларна енергија

Во Дубаи отворена најголемата во светот електрана на концентрирана соларна енергија

Педесетина километри јужно од Дубаи, свечено е пуштена во работа хибридната соларна електрана во склоп на фотонапонскиот парк. Станува збор за четвртата фаза од комплексен проект, која се состои од најголемата на светот електрана на концентрирана соларна енергија (Concentrated Solar Power) – CSP, со капацитет од вкупно 700MW, односно 250MW фотонапонски капацитет. Замислено е Mohammed bin Rashid Al Maktoum Solar Park да достигне капацитет од 5GW. Сега е веќе над 2,6GW.

CSP1

CSP2

Целокупниот проект вклучува производство и на топлинска енергија и зелен водород. Делот кој работи на концентрирана соларна енергија има рекордно висока соларна кула и досега е најголем капацитет за складирање на топлинска енергија. Државната компанија за електрична енергија и вода на Дубаи DEWA,  контролира 51% од проектот каде косопственици се саудискката компанија ACWA Power, со 25%, и кинеската Silk Road Fund, со 24%.  Инвестицијата во четвртата фаза вреди 4,3 милијарди долари. CSP сегментот го сочинуваат три целини со огледала со параболичен облик, вкупно 600MW, и 100MW соларна кула висока 263 метри. Понатаму, тука е и рекордниот капацитет за складирање на топлинска енергија, 5,9 GWh.

CSP3

Испрати коментар

Scroll To Top