Температурата измерена во неделата во Долината на смртта во југоисточна Калифорнија достигна дури 54.4 степени Целзиусови, што е веројатно највисоко откако постојат мерења со живини термометри од 1913 година.
Ако се точни податоците на Националната метеоролошка служба на САД, иствремено станува збор за една од трите највисоки температури забележани досега во Долината на смртта, која е сместена југоисточно од масивот Сиера Невада, како и највисоката температура измерена во текот на август, пишува Би-Би-Си.
Долината на смртта го држи рекордот кога станува збор за највисока евидентирана температура досега регистрирана на нашата планета, 56.6 степени Целзиусови, како што е забележано во 1913 година, според Гинисовата книга на светски рекорди, но овој податок според мислењето на многу научници е спорен.
Поголемиот дел од југозападниот дел на САД го зафати незапаметен топлотен бран. Во саботата тамо се забележани неколку дневни топлотни рекорди.
Националната метеоролошка служба извести за високи 44.4 степени во една од населбите во Лос Анџелес, со што е срушен рекордот од 42.2 степени поставен во 1977. година. На подрачјето на Универзитетот Калифорнија, истиот ден се забележани 33.3 степени, со што е соборен рекордот од 32.2 степени забележан во 2003. година.
Американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC) велат дека топлотните бранови во просек убиле повеќе луѓе од кои било други екстремни временски услови.