Насловна / Вести / Во депонијата „Винча“ кај Белград започна да се произведува енергија од отпад

Во депонијата „Винча“ кај Белград започна да се произведува енергија од отпад

Компанијата „Бео Чиста Енергија“ која управува со проектот за санација на старата и изградба на нова депонија на локацијата „Винча“, започна со производство на електрична и топлинска енергија со спалување на отпад. Постријката за производство на енергија е во пробна работа, која ќе трае до јуни, кога ќе биде достигнат полниот капацитет.

bce1

Активирањето на постројката за енергетско искористување на комуналниот отпад со моќност од 103 MW, претставува еден од најважните делови на јавно приватното партнерство (ЈПП) за санација на депонијата „Винча“ и воспоставување на нов систем за одлагање и искористување на отпадот на таа локација. Првата важна точка во проектот беше почетокот на работата на „Регионалната санитарна депонија Винча“ во средината на 2021 година. „Бео Чиста Енергија“ од отпад ќе произведе електрична енергија за снабдување на 5% од домаќинствата во Белград, како и за затоплување на 10% од домаќинствата во главниот град.

Инаку француската компанија Suez и јапонската Itochu, во 2017 година склучија договор за јавно приватно партнерство (ЈПП) на 25 години со Град Белград. Кон проектот подоцна се приклучи и инфраструктурниот фонд Marguerite II, а поради спојувањето на Suez и компанијата Veolia, уделот на Suez го превззела Veolia. Инвестицијата ја финансираат Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Европската банка за обнова и развој (EBRD) и развојната банка на Австрија (OeEB). Проектот опфаќа и постројка з апреработка на градежен отпад, постројка за искористување на депонискиот гас, како и санација и затворање на постоечката депонија во согласност со стандардите на ЕУ.

 

Испрати коментар

Scroll To Top