Јапонската вселенска компанија ispace, се подготвува за лансирање на својот нов лунарен лендер, со кој ќе го изведе својот втор обид за спуштање на Месечината. Мисијата подразбира лансирање на лендерот Resilience и малиот ровер Tenacious, со помош на рекетата Falcon 9 на компанијата SpaceX, што ќе биде реализирано од Флорида најверојатно во декември. Местото на спиуштање на Месечината, локацијата наречена Mare Frigoris, е избрана врз база на инженерски и оперативни ограничувања, како и научни вредности. Критериумите вклучувале континуирана сончева светлина и комуникациска видливост од Земјата. Доколку мисијата биде успешна, тоа ќе биде најсеверното слетување на Месечината досега.
Роверот Resilience ќе носи опрема за електролиза, самостоен модул за производство на храна, радијациска сонда за длабоката вселена и комеморативна спомен плоча. Микро роверот Tenacious е опремен со HD камера. Мисијата се темели на јапонскиот лендер HAKUTO-R со маса од 1.000 килограми. Првиот обид направен во април минатата година, бил неуспешен. Но, сега модификациите направени по првото искуство, се верува дека ќе донесат успех. Истовремено, компанијата ispace развива уште поголем лендер Apex 1.0, кој ќе биде лансиран во третата мисија, најверојатно во 2026 година.