Насловна / Вести / Во Дебрца започнува реазлизација на три инфраструктурни проекти

Во Дебрца започнува реазлизација на три инфраструктурни проекти

velmej

Градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, денеска на прес-конференција го најави почетокот на реализација на неколку проекти од огромно значење за подобрување на животот на населението во општината – изградба на канализациски систем за отпадни води во селата Велмеј и Лешани и пречистителна станица што ќе биде изградена во Грко Поле.

Трајкоски појасни дека станува збор за систем за фекална канализација во селото Велмеј, во вкупна должина од 9.345 метри, на кој во примарните и секундарните краци ќе бидат изградени и 237 ревизиони шахти. За таа намена се обезбедени средства во износ од 17,5 милиони денари.

маја-лешаниКанализацијата во селото Лешани ќе биде со вкупна должина од 5,343 метри, со предвидени 138 ревизиони и каскадни шахти долж самата траса. Вредноста на тој дел од проектот изнесува речиси 13 милиони денари.

Третиот проект најавен денеска е изградбата на пречистителна станица во село Грко Поле, која предвидува и изградба на уште три засебни единици. Реализацијата на тој проект ќе биде изведен во три фази. Првите две единици ќе бидат монтирани веднаш со реализација на проектот додека третата во текот на експлатациониот период и приклучокот на двете села Лешани и Велмеј.

– Овие проекти ќе бидат финансирани со средства од ИПА програмата на ЕУ и проектот од Светска Банка за подобрување на општинските услуги што се спроведува преку Министерството за финансии. Со реализацијата на овие проекти се повтдува заложбата на општина Дебрца за искористување на ваквите донации, – рече Трајкоски најавувајќи реализација на уште проекти насочени кон осовремување и модернизација на инфраструктурата во општина Дебрца.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top