Насловна / Архитектура / Во Данска отворена „Куќа на житото“

Во Данска отворена „Куќа на житото“

Норвешкото студио RRA дизајнираше зграда која ја слави и чува пченицата како земјоделска култура во данскиот регион Јутланд. „Тоа е место за негување на оваа култура, каде се мора ад биде направено квалитетно, здраво и согласно традицијата“, објаснува Рајлф Рамстад, основачот на RRA со седиште во Осло.

kornets1

kornets2

kornets3

Според неговите зборови, идејата на оваа „Куќа на житото“ (Korrnets Hus) се претставува како „лабораторија за леб“, во која може да се делат традиционални рецепти, древни методи на обработка, но исто така може да се експериментира и со нови рецепти. Куќата е отворена за сите – од локалните фармери до туристи, од училишта до семејства, секој може да биде гостин на оваа единствена куќа. Korrnets Hus нуди едукативни простори, работилници и тематски изложби, но и простор за моменти на опуштање – во склоп на објектот е сместено и кафуле со поглед на житните полиња. Архитектурата ја одразува мешавината на традицијата и модерниот стил што претставува и главно одбележје на норвешкото студио RRA. Со својот отворен и флексибилен план, зградата исцртува латинична буква L, и опфаќа и градина каде мали парцели на земјиште кои се користат за одгледување на експериментални посеви, ги прошируваат изложбени и истражувачки активности и надвор од самата куќа. Овој стилски избор не му дава на проектот само успешна интерпретација на природниот контекст, туку го поврзува и со локалната традиција на градење и на земјоделското наследство на регионот. Во куќата се наоѓаат образовни и изложбени простори, отворени кон пејсажот благодарение на големите витражи кои се преклопуваат со фасадата. Во самиот центар на зградата, пченицата создава визуелен камен темелник околу кој се сконцентрирани сите јавни случувања.

kornets4

kornets5

overblik_wide

 

Испрати коментар

Scroll To Top