Данскиот остров Фалстер стана дом на најхуманиот затвор во светот, но кој и натаму има многу високо ниво на безбедност. Сепак, овој затвор се разликува од сè што сте го виделе досега.
Имено, архитектонската фирма C.F. Møller кој го потпишува проектот на оваа институција, организира такво опкружување кое на затворениците им обезбедува квалитетни животни услови, кои речиси воопшто не се присутни во казнено-поправните институции во целиот свет.
Имено, во затворот Storstrom може да се сместат 250 луѓе, и е замислен во рамките на неговите ѕидови да биде воспоставена мини заедница каде што осудените лица можат да го поминуваат времето во опкружување колку што е можно повеќе „нормално“, пишува Inhabitat.
Секоја ќелија со 13 квадратни метри е опремена со фрижидер и телевизор, но исто така и голем прозорец.
Идејата за формирање на ваков концепт се развила околу планот затворениците во затворот да се насочат на животот кој што го имале некогаш, да се поттикнат и да се стимулира задоволително враќање во нормалното општество.
Затворот се простира на површина на 18 стадиони. Во затворот, постојат различни можности за вежбање, учење, уметност и молитва во мир.