Насловна / Вести / Во Црна Гора 1.3 милијарда евра за автопат поради „заборавените“ работи

Во Црна Гора 1.3 милијарда евра за автопат поради „заборавените“ работи

Во Црна Гора изградбата на електромрежата за делницата на автопатот Подгорица – Колашин ќе чини 38.2 милиони евра, наместо планираните 31.6 милиона, бидејќи државното претпријатие „Монтепут“ за разлика од кинескиот изведувач CRBC мора да плати данок на додадена вредност (ДДВ), јавуваат подгорички „Вијести“.
Електричната мрежа заедно со клучката Смоквац, водоводната мрежа и пристапните патишта за останатите клучки е дел од „заборавените“ работи кои ги нема во договорот за изградбата на оваа делница потпишан пред пет години со кинеската компанијата CRBC. Владата на Црна Гора во март годинава го усвоила финансискиот план на „Монтепут“ и со тоа дала согласност компанијата да се задолжи за 31.6 милиони евра потребни за проектот за напојување со електрична енергија на оваа делница. „Монтепут“ освен додатните трошоци за ДДВ ќе плати и додатни камати 6.6 милиони евра за непланираното задолжување.

pod1

CRBC со Законот за автопатишта се ослободува од плаќање на скоро сите давачки, па и од ДДВ на услуги и стоки потребни за градба на автопатот. Од „Монтепут“ соопштуваат дека Владата ги обврзала да најдат нов изведувач за електромрежата на автопатот, бидејќи понудата на CRBC била прескапа. Не е наведено колкава била понудата на кинескиот изведувач, па така нејасно е дали нивната цена без ДДВ е повисока или пониска од сегашнта на „Монтепут“ од 38.2 милиона со ДДВ, додаваат од „Вијести“.
„Монтепут“ овој кредит ќе го добие од државниот Инвестициски – развоен фонд, а фондот тие пари ќе ги добие од Европската инвестициска банка. По завршувањето на изградбата, како е најавено од Владата на Црна Гора, електромрежата ќе ја превземат енергетските државни компании ЦЕДИС и ЦГЕС и „Монтепут“ ќе ги надокнади трошоците. Овие трансакции значат и дека ЦЕДИС и ЦГЕС ќе платат повеќе пари за иста мрежа, а покасно трошокот ќе го префрлат на потрошувачите на електрична енергија.

под2
На владата на Црна Гора и одговарало дел од „заборавените работи“ да ги префрли на други изведувачи, бидејќи со анекс на договорот со CRBC, „накнадните и непредвидени работи“ можат да изнесуваат највеќе 10 посто од договорениот износ, односно 80.9 милиони евра. Владата веќе договорила со CRBC првата фаза на клучката да се изгради за 30.5 милиона евра, доколку би ја граделе и електромрежата, „накнадните работи“ веќе би преминале 60 милона само за тие две ставки.
Вредноста на останатите работи кои недостасуваат за да биде во функција оваа делница на автопатот – водоводна мрежа, пристапни патишта на останатите клучки и реконструкција и проширување на патот од Матешево до Колашин, неофицијално се проценува на уште 45 до 50 милиони евра. Така што CRBC и неговите подизведувачи, без издвоена електричната мрежа, ќе бидат на максимални 80 милиони евра за „накнадни и непредвидени работи“ .
Кога пред една година избила аферата „клучка“ и кога CRBC одбил да ја гради, тврдејќи дека таа не е во договорот и договорената цена од 809 милиони евра, премиерот и министерот за сообраќај тврделе дека е договорено и се закануваа со арбитража. Подоцна го промениле мислењето, а сега и усвоиле анексот на договорот со кој клучката дополнително се плаќа. Тврделе дека работите ќе бидат завршени во рок, а сега се согласуваат на продолжување на рокот од 17 месеци, не барајќи пенали од изведувачите и виновници во своите редови.
Оваа делница од 42.5 километри автопат на крај со основните и заборавени работи, камати ќе чини 1.3 милијарди евра, заклучуваат „Вијести“.

Еден коментар

  1. Анонимен

    Koj izracuna 1.3 miljardi???
    809 +30.5+38.2+14.8+4.8 = ????????????????

Испрати коментар

Scroll To Top