Над 60% од енергијата која ја користи метрото во главниот град на Чиле, ќе се обезбедува од обновливи извори, односно од Сонцето и ветрот.
„Проектот ќе биде целосно завршен во 2018 и претставува прва подземна железница во светот со ваков вид на напојување со електрична енергија“, изјави преседателот, Michelle Bachelet.
За да се постигне целта од 60% обновлива енергија за метрото, ќе се гради фотоволтаичен систем и ветерен парк во пустината Атакама, инаку најсувиот дел на светот.
Целиот проект ќе чини 400 милиони евра. Денес, метрото во Сантјаго има 100 станици, пет линии, вкупна должина од 103 километри и дневно превезува 2,5 милиони патници.