Насловна / Вести / Во Чиле електричната енергија добиена од сонцето поевтина од онаа од јаглен и ветер

Во Чиле електричната енергија добиена од сонцето поевтина од онаа од јаглен и ветер

termosolar.jpg

Според извештајот на Deutsche bank, во Чиле електричната енергија добиена од сонцето е поевтина од онаа од јаглен и ветер.На последната аукција, проектите од обновливи извори ги добиле сите договори за снабдување, во што сериозно предничат фотоволтаичните централи. Три големи соларни паркови понудиле цени од 65 до 68USD/MWh, наспроти цената на термоцентралите од дури 97 USD/MWh.

solaren park vo cile

Стручњаците од Deutsche bank предвидуваат дека инсталираната моќност од фотоволтаици во Чиле може да достигне 1 GW до крајот на годинава. Вкупниот трошок за инвестирање во вакви проекти е под 1USD/W. Значителното намалување на  инвестиционите трошоци за оваа технологија, како и зголемувањето на инвестиционите трошоци кај термоцентралите поради строгите критериуми за емисиите во воздухот, ја прави соларната енергија поконкурентна.

solaren park vo cile karta

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top