Насловна / Арт и дизајн / Во Чифте амам фотографии кои ги отсликуваат убавините на Италија, збирка на Архивот Алинари

Во Чифте амам фотографии кои ги отсликуваат убавините на Италија, збирка на Архивот Алинари

На 28 март 2022, во 19 часот, уметничко задоволство за љубителите на фотографијата. Во објектот Чифте амам ќе се презентира изложбата на фотографии кои ги отсликуваат убавините на Италија, збирка во сопственост на Архивот Алинари. Поставката е составена од три секции: пејсажи, дела и лица; и секоја од нив обединува фотографии од крајот на деветнаесеттиот и раниот дваесети век. Своевиден времеплов низ пејсажите на Италија, луѓето и уметноста претставени преку објективот на италијанските фотографи меѓу кои браќата Алинари, Барбиери, Басилико, Беренго Гардин, Фонтана, Џакомели, Мараини, Пелегрин, Ѕание.

Фратели Алинари, Скалила од кулата на Палацо Векио и поглед на катедралата, Фиренца, околу 1900, Архива Алинари_resize

 Фратели Алинари, Скалила од кулата на Палацо Векио и поглед на катедралата, Фиренца, околу 1900, Архива Алинари

Изложбата е резултат на соработката на Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија и Националната галерија. Отворањето е закажано за 28 март 2022 година, во 19 часот, а на публиката ќе се обратат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија и амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри. За реализација на проектот се заблагодаруваме за поддршката на Министерството за надворешни работи на Италија.

Stromboli

 Андреа Фрацета, Поглед од воздух на вулканот и Огнениот поток Стромболи, 2019

 Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која  преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се  создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и во исто време за извонредната виталност на италијанската фотографија.

Алекс Мајоли, Млад лутеранец од Кремона, 2011, © Алекс Мајоли Контраст_resize

 Алекс Мајоли, Млад лутеранец од Кремона, 2011,

Избор на дела кој не претендира да ја сумира во целост комплексноста на италијанската фотографија, но сепак се поставува како предизвик и алатка за истражување на естетскиот израз и јазик на фотографите што твореле во период од над 160 години, вклучувајќи дела кои произлегуваат од ателје, пикторијализам, концептуализам, новинарство и уметничко истражување. Патување кое започнува од браќата Алинари и од обемниот свет кој се формирал околу нив преку збирките и архивите, односно „Многуверзумот на глетките“, како што ќе го нарече Марио Креши – тука застапен со едно ново концептуално дело – патување кое ќе не одведе до големите мајстори на фотографијата од дваесеттиот век и до најсовремените експериментирања. Исходот од ова патување може да се доживее и како кратко резиме на историјата на фотографските техники, почнувајќи од калотипот па сѐ до виртуелната фотографија во игрите.

Piscina del Foro Italico, Roma, 2018

 Изабела Балена, Базен во Форо Италико Рим, 2018

Изложбата е поделена во три дела – Пејзажи, Дела и Ликови – од кои секој претставува идеален географски, историски и уметнички процес кој преку повеќеслојна разновидност на теми ги доловува промените на една земја во постојана еволуција.

Север и Југ, град и село, работа и празници, традиција и иновации, историја на општеството и културен живот. Дела во кои изненадувањето лежи во поставувањето на сцената и во оригиналниот избор на секој уметник.

Избор на фотографии кој е воедно и начин да се проследат трансформациите на Италија, со јазик кој умее да ја прикаже географската различност, да продре во длабочините на историјата и да навлезе во браздите на поднебјето.

Поставка што многуте „Италии“ ги преточува во една Италија, зборува за непостојаноста на културните граници, чијашто сложеност се должи на вековни споредби и контаминации; обмислениот избор на глетки овековечени од различни очи претставува една разновидна и разиграна приказна, чии што форми се  одраз на  разиграниот и витален дух на една Земја полна со минато и сеќавања.

Испрати коментар

Scroll To Top