--> -->
-->
Насловна / Вести / Во четвртокот забележана рекордна температура на површината на Средоземното море

Во четвртокот забележана рекордна температура на површината на Средоземното море

Средоземното море во четвртокот достигнало рекордна температура, односно дневна медијана од 28,9 степени Целзиусови, соборувајќи го претходниот рекорд од јули 2023 година. Податоците се добиени од програмата на Европската унија за набљудување на Земјата Copernicus.

WU ZHENG JIE 592967752@qq.com

Ова значи дека во две последователни лета Медитеранот ќе биде потопол отколку во екстремниот топлински бран од 2003 година, кога измерена е дневна медијана од 28,25 степени Целзиусови, рекорд кој постоел дваесет години. Таквите температури го загрозуваат животот во морето. Во текот на претходните топлински бранови биле десеткувани околу 50 видови, вклучувајќи корали и мекотели. Средоземното подрачје веќе долго е класифицирано како жариште на климатските промени.

Испрати коментар

Scroll To Top