На 14 септември, четврток, во 20 часот, во ЈУ Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Арт Тура.
Изложбата се реализира во соработка на ЈУ Музеј на град Скопје со Народниот музеј на Србија, со целосна финансиска поддршка на Град Скопје.
Концептот опфаќа презентација на 26 репродукции на дела од уметничките збирки на Народен музеј Србија, кои ќе бидат изложени до 26 септември 2023 година. Тоа се ремек-дела на српското сликарство од периодот на 18 до 20 век, но и дела од колекцијата на странски уметници од периодот на 19 и 20 век. Во оваа ретка прилика, и пошироката публика во Скопје и Македонија ќе има можност да ужива во делата од опусот на Клод Моне, Камиј Писаро, Пол Гоген, Пјер Огист Реноар, Пабло Пикасо, Анри Матис, Едгар Дега, Катарина Ивановић, Пајa Јовановић, Надежда Петровић, Савa Шумановић и др.
„Розова катедрала во Руан“, Клод Моне