Екипите на општина Центар, заедно со зимската служба, поради обилните врнежи од снег во изминатите 24 часа, работеа во текот на ноќта со целата расположлива механизација. .
Ваквата одлука од страна на општината беше донесена за да не се дозволат поголеми наноси од снег и подмрзнување во раните утрински часови.
Синоќа, од 21:30 до 02:00 часот , беа фрлени 23 тони сол по улиците кои се во надлежност на општината и снегот е расчистен на сите улици.
Акцијата за чистење започна со улиците на Водно, како најризичино подрачје, и продолжи на територијата на целата општина.
Во 05:00 часот, поради непрестаните врнежи од снег, повторена е истата рута и до 09:00 часот се фрлени дополните 37 тони сол или вкупно 60 тони во двете акции.
Утрово улиците беа исчистени, и граѓаните можеа без потешкотии да ги напуштат домовите. Сообраќајот по сите коловози се одвива непречено.
Општински мобилни екипи се подготвени и за интервенција на повик на граѓаните.
Општина Центар ги известува граѓаните доколку за одредени улици има потреба од дополнителна интервенција, да го контактираат директно раководителот Горан Иљовски на телефон 072 268 746.