Насловна / Вести / Во цело Скопје акција за чистење диви депонии

Во цело Скопје акција за чистење диви депонии

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, денес, со почеток во 10 часот, почна масовна акција за чистење диви депонии.

flaer-mk
Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа учествува администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.

Masovna akcija3
Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии кои директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Masovna akcija
Акцијата ќе започне и ќе се одвива истовремено на следните локации:
Општина Гази Баба: Ул.808, од рест. „Дојрана“ кон Фершпед
Општина Аеродром: Транспортен центар, кон ФПИОМ и Кеј
Општина Кисела Вода: Сала Расадник
Општина Центар: Пред хотел ВИП, спроти МТВ, потегот кон МКЦ и МАНУ
Општина Карпош: Семафорите пред Момин поток, потегот кон Амбасадата на САД
Општина Ѓорче Петров: Игралиштата кај насипот, лево по семафорите кај Тинекс
Општина Сарај: Паркот во близина на општината
Општина Чаир: Топаана, раскрсницата меѓу ул.Џон Кенеди и бул.Македонско-косовска бригада
Општина Бутел: Серава, потегот кон Домот за згрижување „25 Мај“
Општина Шуто Оризари: Автобуска станица последна 19-ка

Masovna akcija5

Испрати коментар

Scroll To Top