Од почетокот на јуни, во бугарскиот град Разлог работи првиот систем за складирање ан електрична енергија од големи размери со батерии. објектот има капацитет од 25 MW/55 MWh и складира енергија од соларна електрана со капацитет од 33 MWp. Проектот е прва инвестиција во систем за складирање на електрична енергија од овој обем во земјата, најголем оперативен систем во Бугарија и еден од најголемите слични проекти во источна Европа. Системот за складирање е во сопственост на компанијата Renalfa IPP.
Renalfa IPP е независен производител на електрична енергија со седиште во Виена, основан како заедничко вложување на Renalfa Solarpro Group GmbH и францускиот Rgreen Invest. Компанијата поседува и развива проекти за соларни електрани и ветерни електрани и системи за складирање на енергија.