Можеби станува збор само за малечка златеста мониста со четири милиметри во дијаметарот, но истовремено претставува големо откритие за бугарските археолози кои се убедени дека го откриле најстарото европско, а веројатно и светско, рачно обработено злато.
Предметот е пронајден на почетокот од август во праисториската населба во јужна Бугарија и потекнува од периодот меѓу 4.500 и 4.600 година пред Христа, велат археолозите. Тоа значи дека е околу 200 години постар од накитот пронајден во некрополата во бугарскиот црноморски град Варна, досега најстариот познат обработен предмет од злато.
„Не се сомневам дека монистата од злато потекнува од Варна. Тоа навистина е важно откритие. Ова парченце злато е доволно големо да го најде своето место во историјата“, вели археологот Јавор Бојаџиев, член на бугарската академија на науките, пренесува Reuters.
Бојаџиев е убеден дека перлата е произведена на самото наоѓалиште, недалеку од денешниот град Пазарџик, каде што според археолозите било првата „урбана“ населба во Европа. Ја изградиле припадниците на заедница со „висока развиена култура“ кои 6.000 години пред нашата ера таму се доселиле од просторите на денешна Анадолија.
„Би рекол дека тоа бил прототип на модерен град, иако според месопотамските стандарди можеме да го наречеме древен град. Зборуваме за место кои е постаро од Сумерите за илјада години“, тврди Бојаџиев мислејќи на регионот во јужна Месопотамија, денешен Ирак, кој се смета за колепка на урбаната цивилизација.
Златната перла, тешка само 15 центиграма, е ископана пред две седмици во остатоците од малечка куќарка која на тоа место стоела во периодот кога човекот првпат започнал да ги користи металите бакар и злато.
Досега ископаната населба била со површина од 10 до 12 хектари и имала одбранбен ѕид висок 2,8 метри. Научниците кои истражувале и истражуваат во Месопотамија за град ја сметале секоја населба над 0,89 хектари површина, потсетува Бојаџиев.
На наоѓалиштето досега се ископани повеќе од 150 керамички фигуретки од птици кои потекнуваат од пред 8 илјади години, што укажува на тоа дека жителите веројатно ги почитувале ти животни. Населбата е уништена од непријателските племиња околу 4.100 година пред нашата ера.