Во последниве неколку години техничките универзитети во Бугарија бележат тенденција на сè помал интерес за студирање, особено на факултетите по машинство, термоенергетика и електротехника, јави БТА. Според експертите, ваквата појава ја соочува Бугарија со реална опасност во следните неколку години да остане без електро и машински инжинери и компаниите да немаат доволно кадри за работа.
Проректорот на Техничкиот универзитет во Варна, Марија Маринова смета дека и во моментов во Бугарија е тешко да се најдат способни инженери, нагласувајќи дека за обуката на стручен кадар потребни се време и пари. Таа наведува дека 15 отсто од матурантите секоја година не го продолжуваат школувањето, а 15 до 20 проценти заминуваат на студирање во странство. Оние што продолжуваат на факултетите во земјата, сè поретко се одлучуваат за техничките науки.