Насловна / Архитектура / Во Будимпешта спортски и рекреативен атлетски стадион и јавен парк за сите

Во Будимпешта спортски и рекреативен атлетски стадион и јавен парк за сите

Пред две години, Унгарија го изгради Националниот атлетски стадион како иницијален објект на долгорочниот урбанистички план за Јужната градска порта на Будимпешта. Стадионот го проектираше локалната фирма NAPUR arhitekta Kft, победник на конкурсот за проектирање, додека изградбата ја реализираше градежниот конзорциум ZAEV Zrt. – Magyar Epoto Zrt.

Покрај атлетскиот стадион и блискиот јавен парк, сместени на местото на поранешната индустриска зона Витуки во четврта Ференцварош, во меѓувреме е изграден нов пешачки и велосипедски мост, кој го поврзува местото со северниот дел на областа Чепел, создавајќи пристап и за новопроектираниот Центар за атлетски тренинзи.

Проектот е реализиран со елиминирање на индустриските зони на јужниот брег на Дунав во Будимпешта и рехабилитација на целото подрачје од 20 хектари, објаснија архитектите.

Главната цел на проектот била да се создаде нов, отворен спортски и рекреативен повеќенаменски атлетски стадион и јавен парк за сите спортски ентузијасти и жители на Будимпешта кои сакаат овде да се релаксираат.

Стадионот, кој е изграден во самиот центар на паркот, со капацитет од 35.000 места, беше доволен во 2023 година на него да се одржи Светското првенство во атлетика.

Сепак, атлетската арена го доби својот финален изглед дури по првенството, 2024 година, кога беа отстранети привремените горни трибини на стадионот и заменети со отворен и покриен рекреативен парк од 15.000 квадратни метри наречен „Отворен градски прстен“.

Овој простор располага со патека за трчање, семејна тркачка патека, зона за уличен тренинг, простор за вежбање и ресторан.

Достапен за сите 365 дена во годината

Целта била да се создаде стадион со голем капацитет за Светското првенство, но и да се реализира идејата тој да биде што е можно поотворен за масовно бавење со спорт и атлетска младина, на начин што ќе биде достапен за сите 365 дена во годината.

Овој објект е прогласен и за првиот во светот „отворен стадион“ кој го постигна ова, а во септември 2024 година во објектот е претставен „Отворениот градски прстен“, како прва отворена програма и ново место за рекреација во Будимпешта.

Во целокупниот развој на областа околу стадионот, од мостот Ракоци до браната Кваси и преку новиот кабловски мост сè до северен Чепел, изградени се нови системи за заштита од поплави, крајбрежни пешачки патеки, велосипедски патеки и станици за чамци.

Со развојот за кој станува збор реализирани се пешачки, велосипедски и водени врски помеѓу северните и јужните области на целиот брег со јужниот дел на градот. За да се намали влијанието врз животната средина, наместо моторизирани возила, се преферираат решенија за јавен превоз, како и пешачење и возење велосипед.

Конструкцијата на стадионот е реализирана како затегната покривна конструкција направена со оптимизирана потрошувачка на челик, а се згреат само функционално најважните делови од внатрешноста на зградата, што сочинува околу 10 отсто од вкупната површина.

default

Испрати коментар

Scroll To Top