Насловна / Вести / Во Британија ќе се гради најголемата когенеративна постројка на биомаса

Во Британија ќе се гради најголемата когенеративна постројка на биомаса

Kogenerativna postrojka model

Во Велика Британија ќе се гради најголемата когенеративна централа на биомаса во светот со инсталирана моќност од  299 MW, која ќе биде во состојба да снабдува со енергија 600.000 домаќинства. Когенерацијата ќе чини 424 милиони фунти и ќе користи пелети од европските и американските шуми со кои одржливо се управува, а ќе ја градат компаниите  Abengoa и Toshiba.

Bio masa

 

Изведувачите на проектот велат дека изворот на енергија е во согласност со државните правила за субвенционирање. Централата треба да биде готова до мај 2018, а се проценува дека за време на својот експлоатационен век од 30 години ќе ја намали емисијата на стакленички гасови за 32 милиони тони. Енергијата од биомаса во моментот покрива 7% од британските потреби за електрична и топлинска енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top