Насловна / Вести / Брисел отпадната вода ќе ја користи за загревање на домаќинствата

Брисел отпадната вода ќе ја користи за загревање на домаќинствата

Постудените температури се знак дека грејната сезона полека почнува.

Домаќинствата се загреваат на различни начини, но фосилните горива играат доминантна улога во повеќето места. Податоците на Евростат од 2018 година покажуваат дека во Европа на тој начин се добивале дури 75 отсто од топлината што се користела за затоплување на домаќинствата.

Brisel2

Во Белгија, греењето е одговорно за околу 14 проценти од вкупните емисии на стакленички гасови. Сепак, многу градови се обидуваат да најдат решение за намалување на овој број, а еден од нив е Брисел, каде што се користи многу интересно решение.

Имено, во Брисел е дизајниран систем кој може да загрее голем дел од градот користејќи канализациона вода. На тој начин, емисиите што се јавуваат во процесот на греење би биле сведени на минимум, пренесува порталот Клима 101.

Brisel

Системот за отпадна вода во Брисел се состои од тунели долги скоро 1.900 километри, а топлината складирана во нив е многу вреден извор на енергија што останува неискористен. За да се спречи загубата на толку многу енергија, идејата е дека изворите на топлина, како што се отпадните води во бањата и машините за перење, можат повторно да се користат за затоплување на домаќинствата.

Механизмот со кој се загрева водата се состои од два дела, од кои едниот се наоѓа под земјата и е поврзан со другиот дел, пумпата, која се наоѓа над земјата.

Подземниот дел на механизмот е тенка пластична цевка исполнета со вода, која е фиксирана на дното на канализациониот тунел. Кога тунелот е исполнет со отпадна вода, тој поминува преку оваа цевка со загревање на водата затворена во цевката на околу 11-13 Целзиусови степени. Загреана на овој начин, водата поминува низ цевката и стигнува до пумпата.

Над земјата, цевката е поврзана со топлинска пумпа. Топлинската пумпа може да се нарече и „превртен фрижидер“. Во себе содржи течност за ладење со ниска точка на вриење. Топлината од канализацијата е доволна за таа течност за ладење да испари и да стане гас. Пумпата го компресира овој гас и му овозможува да кондензира, со што се ослободува топлина што ја загрева водата до 50 до 70 степени Целзиусови, што е доволна температура за затоплување на домаќинствата.

Brisel1

Сепак, не сите тунели во канализациониот систем во Брисел се доволно продуктивни за да се користат за греење. Студија на Универзитетот Libre de Bruxelles проценува дека околу 35 проценти од градот може да се загреат од топлината добиена од канализацијата. Иако ова може да изгледа како мал процент, ако се сетиме дека греењето во овој град е еден од поголемите емитери, јасно е дека ако 35 проценти од домаќинствата почнат да користат канализациона вода за греење, вкупните емисии би биле значително намалени.

Главниот град на Белгија не е сам во идејата да се користи отпадна вода од канализација за затоплување на голем број домаќинства. Слична иницијатива постои и во други градови, како што се Париз, Ванкувер, Глазгов и Ротердам.

Испрати коментар

Scroll To Top