Насловна / Вести / Во Брисел одржан Енергетскиот самит на ЕУ

Во Брисел одржан Енергетскиот самит на ЕУ

Energetska unija1

На 19 и 20 март во Брисел се одржа енергетскиот самит на кој челниците на 28-те земји членки го поддржаа предлогот за формирање на Енергетска унија. „Направивме голем чекот напред. Сите земји се сложија во врска со зајкнувањето на транспарентноста на пазарот за природен гас, така што добавувачите не ќе можат да ја злоупотребуваат својата положба, но и да ја загрозуваат енергетската сигурност на Унијата“, изјави Доналд Таск.

Со создавањето на Енергетската унија, расцепканите национални енергетски пазари ќе се интегрираат во заеднички европски пазар, а една од најважните задачи на Унијата е намалување на зависноста на Европа од увозот на енергенти од Русија.

Во заклучоците со кои се поддржува формирањето на Унијата се вели дека треба да се обезбеди поголема транспарентност на пазарот на природен гас, како и да се обезбеди „сите договори со трети добавувачи да се во склад со европското законодавство“. Се работи, пред сè, за договорите што некои земји членки ги склучиле со „Гаспром“, а за кои ЕУ веќе имаше негативен став.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top