Градоначалникот на Бостон воведе мораториум на сите градежни активности во градот.
Откако во градот е прогласена вонредна состојба, поради пандемијата со коронавирусот, одложени се сите случувања, вклучувајќи го и Бостонскиот маратон. Градоначалникот Волш се одлучил на дополнителен чекор и ги сопрел градежните работи, со што Бостон е прв град во САД кој ја спровел оваа мерка во борбата против ширење на вирусот.
Оваа мерка се случува во време кога градот и регионот доживуваат градежна експанзија. Меѓутоа, бидејќи здравјето е на прво место, градоначалникот морал да ја превземе оваа мерка и не кажал колку долго ќе трае, но најавил дека сигурно нема да биде помалку од 14 дена.
„Ова е критично време за сите. Сметам дека доколку успееме да го спречиме ширењето на вирусот, долгорочно ќе бидеме во подобра позиција“, вели Волш.
Тој вели и дека не го знае точниот број на градежни проекти на кои ќе влијае неговата одлука, но смета дека е неопходна.
„Немам бројка. Веројатно десетици илјади. Во моментов сме во експанзија и тешко е да се донесе оваа одлука. Градењето е сржта на економијата во Бостон. Јас доаѓам од сферата на трговијата, бидејќи и јас сум бил во градежната индустрија. Ова е нешто што мене и на многумина им е лично“, објаснива тој.
Градоначалникот истакнува дека градските власти внимателно ќе го следат развојот на ситуацијата, за да се утврди кога мораториумот може да биде укинат. Состојбата ќе се следи од недела во недела, со надеж дека во наредните недели ќе се стабилизира, пишува Archpaper.
На официјалниот сајт на градот има упатство за работодавачите да ги спроведат сите потребни мерки за да ги обезбедат градилиштата, додека на нив не се работи. Под ова се подразбира материјалот да се заштити од оштетувања, како и да се осигура ветерот да не одува нешто и го загрози опкружувањето. Работодавачите имале рок до 23. март да ги обезбедат градилиштата, а со самото тоа и одбрение да престојуваат на нив.
Исклучоци
Според налогот на градоначалникот единствени исклучоци од мораториумот се хитни комунални работи, работи на патишта или интервенции на објекти, како што се поправки каде што тече гас, вода, како и работи на објекти кои ги користи „ранливото насаеление“ и работи кои се потребни одредени објекти да станат вселиви.
Волш рекол дегка градот може да направи исклучок за случаи чии проекти „подржуваат зголемено јавно здравје и сигурност“ и додал дека се надева дека работодавачите нема да ги отпуштаат вработените.
Состојбата во Њујорк
Од друга страна, со оглед на големиот број заразени со коронавирус во Њујорк, гувернерот Ендрју Комо, вели дека е неопходно да се зголеми изградбата на медицински установи и бара од федералната влада тоа да го направи. Тој истакнал дека треба да се најде имот во државна сопственост, како домови за стари лица кои не се во употреба, кои би се трансформирале брзо во болници и на тој начин да се обезбеди резервен простор кога ќе се случи ударот на здравстрвениот систем.