Насловна / Архитектура / Во Бостон брутализам во ново руво

Во Бостон брутализам во ново руво

Обновената градска куќа во Бостон без сомнение ги зачувала своите бруталистички корени, но фасадата и ентериерот го добиле духот на модерното време.
На својата 50-годишнина, Градското собрание на Бостон доби нов изглед благодарение на проектот на локалната архитектура фирма Utile. Оваа зграда е позната како еден од најпознатите примери на брутализам во Соединетите Американски Држави и ги задржа постојните архитектонски карактеристики дури и по реконструкцијата на објектот.

1
Градското собрание на Бостон е изградено во 1968 година по проектот на бироата Kallmann, McKinnell & Knowles и е еден од ретките примери на брутализам во САД. Сложената структура е изведена преку примена на бетон како во екстериерот така и во ентериерот.
Градското собрание е познато како една од најважните општински згради во САД, но и меѓународно признат пример на брутализам. Новиот дизајн имаше за цел да изрази посовремена и потранспарентна форма на зградата, а притоа да се зачувуваат што е можно повеќе клучни постоечки карактеристики “, велат архитектите.

4
Фирмата Utile соработувала со Одделот за јавни простори во Бостон за да се создаде што е можно подобар тим кој ќе работи на проектот за реновирање на објектот.
Целта на проектот била да се создаде попривлечен и поефикасен јавен простор, а притоа зградата да не се промени многу, туку доплнително да се нагласат нејзините значајни карактеристики. Тоа е направено со надворешно LED осветлување. Целиот систем на осветлување е организиран на таков начин кој овозможува во текот на ноќта да се обрне внимание на разиграноста на бетонската фасада.

3

Внатре се сочувани елементи како што се решеткастата плафонска конструкција и масивните столбови, како и оригиналните подни плочки и грубите бетонски sидови, за да се потенцира оригиналната структура во однос на новите стаклени sидови и другите елементи изведени од тули.

5
За време на развојот на проектот, архитектите се консултирале и со архитектот Michael McKinnell, еден од водечките архитекти на оригиналниот проект за зградата. Мислењето на McKinnell било, дека било каков нов предлог за дизајнот мора да биде „засилен“, пишува Dezeen.
Најголеми промени може да се забележат во реорганизираниот простор на лобито, која сега е проектиран како голема влезна зона. Кривулестите дрвени волумени формираат простор за седење, прием и кафе. Овој простор на приземјето сега е прооден и организиран така за да го насочи движењето на посетителите.

7
Пред реконструкцијата содржините во овој простор биле збиени едни со други, што честопати доведувало до создавање на гужва. Исто така, приземјето е проширено за просторија која претходно не била во функционална, а сега во тој дел се организирани безбедносната зона и скенер.

2
Овој проект за реновирање на градското собрание го подели мислењето на јавноста. Додека некои жители на Бостон сметаат дека објектот генерално е безвреден и би сакале да биде срушен, други, како што е Марти Волш, градоначалникот на Бостон, веруваат во реновираниот објект и дека тоа ќе го подобри функционирањето на оваа јавна установа.

6

Испрати коментар

Scroll To Top