Насловна / Вести / Во Босна и Херцеговина ќе се гради најдолгиот тунел во регионот

Во Босна и Херцеговина ќе се гради најдолгиот тунел во регионот

Европската банка за обнова и развој (EBRD) и јавното претпријатие Autoceste FBiH објавија соопштение за распишување тендер за изградба на делницата Овчари – Тунел Прењ – Мостар север, со должина од 35 километри, како и  делницата Мостар север  – Мостар југ со должина од  15 километри. Со тоа е започната процедурата за избор на изведувачи. На целата делница од Овчари до Мостар, ќе се градат 10 мостови, 12 тунели и две клучки.

Најсложениот градежен зафат за оваа делница е тунелот Прењ. Должината на тунелот според идејниот проект изнесува нешто над 10 километри, што го прави најдолг тунел во регионот. Поради големата должина, при проектирањето и изградбата, како и подоцна во експолатацијата строго ќе се применуваат посебните безбедносни мерки согласно ЕУ Директивата 2004/54/EC.

Autoceste FBiH во соработка со финансиските институции обезбеди понуда за заеднчко финансирање од страна на EBRD и Европската инвестициска банка во износ од 600 милиони евра, од кои 120 милиони евра би можеле да се обезбедат во вид на неповратни средства.

prenj1

prenj2

prenj3

prenj4

Испрати коментар

Scroll To Top