Насловна / Вести / Во борбата со загадениот воздух Мадрид го преполовува бројот на возила

Во борбата со загадениот воздух Мадрид го преполовува бројот на возила

madrid-zagaduvanje

Градскиот Совет на Мадрид наскоро ќе донесе Одлука за драстично намалување на бројот на моторни возила на улиците, како резултат на екстремно високите концентрации на азотни оксиди во воздухот. Шпанската престолнина со години се бори со загадениот воздух, но сепак често се случува концентрацијата на штетните материи во воздухот да биде над дозволениот максимум.

madrid-panorama

Во оваа насока, освен што се прави исчекор со намалување на бројот на моторните возила (систем пар/непар), градските власти апелираат и на почесто користење на јавниот превоз, воздржување од паркирање во центарот на градот и сл.

madrid-panorama1

На забраната нема да подлежат единствено возилата од итните служби. Слична мерка мината година воведе и Париз, така што го забрани сообраќањето на возила постари од 19 години во периодот од понеделник до петок.

Во март годинава, Светската здравствена организација предупреди дека загадувањето на воздухот во последните пет години е зголемено за 8%.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top