Насловна / Екологија / Во борбата за почист воздух, Париз ги забранува и камините

Во борбата за почист воздух, Париз ги забранува и камините

mota_ru_9121406
По низата мерки кои градските власти ги презедоа за намалување на загадувањето на воздухот, на ред дојдоа и камините. Имено, од 1 јануари 2015 во Париз ќе биде забрането ложењето оган во камините. Меѓутоа, тоа наиде на отпор кај многу љубители на каминот, кои сметаат дека на овој начин ќе исчезне магијата на празничните денови и традицијата, и тврдат дека камините не се сериозни загадувачи, односно не се користат за греење туку се користат шест-седум пати во годината во посебни пригоди. Од друга страна, пак, одговорниот за животна средина и енергетика во градската администрација уверува дека „ширењето на штетните честички од димните гасови на камините за само неколку часа е еквивалентно на емисијата на гасови од автомобил кој ќе помине неколку стотини километри“. Според неговите зборови, на подрачјето на Париз и периферијата постојат 100.000 камини кои учествуваат со 25% во загадувањето на воздухот со ситни честички.

Испрати коментар

Scroll To Top