Еден од најголемите досега откриени дијаманти (трет по големина), е од рудникот во континенталната африканска држава Боцвана. Kаменот од 1098 карати е со големина на кокошкино јајце и е со најчист квалитет, објавил конзорциумот кој е сопственик на рудникот Jwaneng и управува со него. Рудникот е во сопственост на конзорциумот Debswana, во кој акции поседуваат секој по 50%, производителот на дијаманти De Beers и државата Боцвана. Debswana поседува вкупно четири големи рудници на дијаманти, од кои најголем е токму овој во кој е нaјден најголемиот дијамант.