Се што Ви е потребно, сместено во 16,3 квардати – и кујна, и тоалет со туш кабина, ормари и трпезарија. Малечка и удобна куќа која може да ја понесете со себе, без да зависите од локацијата, градот. Сето тоа се предностите на малата подвижна куќичка (tiny house) која во Истра, во близина на Пула ја има изработено францускиот столар Damien Daillé. Идеална е за живот за еден или двајца луѓе. Може да се користи за домување, но и за туризам, со оглед дека трендовите на необично сместување стануваат многу популарни. Куќата е ефтино решение, и ја има целата потребна инфраструктура. Речиси сите работи во куќата висока 3,9 метри се рачно изработени од дрво, освен дрвената столарија, и се разбира кадата, славините и осветлувањето.