До крајот на годинава, доколку временските услови с еповолни, планирано е да биде завршен трајниот павилјон за еден од најсовремените телескопи во југоисточна Европа, на планината Видојевиќи, 25 km оддалечена од Прокупље. Телескопот „Милутин Миланковиќ“ со пречник на главното огледало од 1,4 m,официјално е веќе пуштен во работа, но во привремен монтажен павилјон.
Надлежните во Астрономската опсерваторија во Белград одлучиле трајно да го решат овој проблем, со изградбата на новиот објект. Астрономската станица на Видојевиќи е една од водечките и најсовремени станици од овој вид на подрачјето на југоисточна Европа. Набавката на телескопот чинела 1 милион евра, а средствата се обезбедени од Европската комисија за истражувања и иницијатива, и националното Министерство за наука.