Архитектите од компанијата Carlo Ratti Associati ја искористиле технологијата на подморниците во дизајнирањето на јавен простор покрај брегот на Флорида. Архитектот Ratti и неговиот тим имаат мастерплан за уредување на градскиот брег, а футуристичкиот предлог вклучува плоштад кој во еден дел би бил потопен и изграден како бротче под површината на водата.
Ова е најновиот во низата предлози на дизајнерите за пловечки конструкции. Овој проект има за цел 19-те хектари на брегот на езерото Worth Lagoon, да ги претвори во искористлив јавен простор до кој би се стигнувало по тесен канал низ морето.
„Со овој проект сакаме да ги вратиме врските на West Palm Beach со природата што го опкружува и да го обликуваме новиот дистрикт како креативен катализатор на целиот град“, вели италијанскиот архитект од Massachusetts Institute of Technology (MIT). „Проектот исто така покажа дека новата технологија ни овозможува радикално да го редефинираме односот меѓу архитектурата и водата“, додава тој.
Плоштадот ќе биде изграден на низа од воздушни комори кои автоматски ќе се отвораат и затвораат, зависно од бројот на луѓе кои престојуваат на површината. Почетокот на изградбата е планиран во текот на месецов, а ќе заврши во 2018 година.