Еколошки свесните потрошувачи често пати мораат да направат отстапки кога одат во продавница каде што храната доаѓа завиткана во непотребна амбалажа или е сервирана во порции.Една германска продавница се обидува да создаде ново шопинг искуство. Лоцирана во Берлин, „Original Unverpackt“ е продавница која не создава отпад и ја продава храната без нејзиното пакување (или храна без бренд).
Претежно органскиот оддел е уреден на начин на кој им овозможува на корисниците да ја добијат количината којашто им е потребна. Во оваа продавница купувачите не мора да купат цело пакување од производот.Овошјето и зеленчукот се продаваат во канти, а шампоните се ставени во шишиња кои повторно можат да се наполнат. За поголемиот дел на производи, од вас се очекува сами да си обезбедите најлонски ќеси, но има и да купите доколку сте заборавиле да си земете.
Иако мала, полиците на продавницата се обезбедени со 400 различни производи. Компанијата е основана од Сара Вулф и Милена Глимбовски. Тие собраа пари за да ја создадат компанијата и ја отворија во објект во кој претходно имало месарница стара 100 години.