Насловна / Вести / Во Bentley ќе му кажат збогум на бензинот до крајот на деценијата

Во Bentley ќе му кажат збогум на бензинот до крајот на деценијата

До 2026 година, Bentley своите автомобили ќе ги нуди во форма на хибриди или како електрични модели, а до 2030 година во целост ќе ја елиминира понудата на класични бензиски мотори. Се очекува во иднина Bentley да биде 100% електричен. Компанијата најави нова стратегија за овој луксузен бренд кој е дел од групата Volkswagen. Во текот на оваа деценија, постепено ќе се запре со понудата на класични мотори со внатрешно согорување. „Сепак, важно е да се напомене дека ќе продолжиме да правиме класични Bentley модел, но нашиот луксузен модел ќе го претвориме во нов, одржлив модел и етички избор. Мораме да ја продолжиме традицијата долга сто години, но и да ја ставиме истата во современ контекст. Преминот на електрични погони е голема промена за автомобилската индустрија, но ние не се плашиме од тоа. Ваквите промени инспирираат“, рекол претседателот на Bentley, Adrian Hallmark, при претставувањето на долгорочната стратегија. Компанијата Bentley сака да ги неутрализира емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите кои ги произведува, а истото го очекува и од својата конкуренција. Следната година оваа компанија ќе претстави два plag-in хибриди. Во новата технологија Bentley вложува милијарди евра, а Велика Британија најави дека во блиска иднина ќе ја забрани продажбата на возила со класични мотори. Бројот на електрични возила во Велика Британија е во постојан пораст, па само во текот на 2020 година бројот на сопственици на електрични возила тројно се зголемил, и се искачил на 76.000.

bentley1

bentley2

 

Испрати коментар

Scroll To Top