Во несекојдневната 4D проекција одржана минатиот викенд во Белград, Тесла „сам раскажува“ за детството, школувањето и своите откритија „од покривот“ на објектот на Кнез Михајлова, додека со слика во боја го следи видео презентација на фасадата од зградата.
Првата дигитална претстава во 4D проекција е посветена на одбележувањето на 160 години од раѓањето на Никола Тесла, и прикажана е на фасадата на зградата на Институтот „Сервантес“ во улицата Кнез Михајлова.
Овој аудио-визуелен проект, прв од таков вид во регионот беше организиран од страна на Телеком Србија, со цел да се оддаде почит на големиот научник од нашиот регион, но и да им се укаже на младите на важноста електротехниката и телекомуникациите во современиот живот и да се поттикнат на научноистражувачка работа. Во наредниот период овој перформанс ќе биде прикажан во Нови Сад и во Ниш.