Насловна / Архитектура / Во Белград почна изградбата на БИО4 Кампус

Во Белград почна изградбата на БИО4 Кампус

Во Белград почна изградбата на БИО4 Кампусот, единствен мултидисциплинарен проект, кој, како што е најавено, ќе му овозможи на Белград да стане еден од препознаените биоекономски центри во Европа.

2b (1)

БИО4 е скратено име и претставува четири клучни области: биомедицина, биоинформатика, биотехнологија и биодиверзитет.

По одржување на урбанистичко – архитектонски конкурс во 2021. година, договорот за изработка на идеен проект за локациски услови А фаза на изградбата доделен е на белградското претпријатие за инженеринг „Бекамент“.

3b

Проектот на БИО4 Кампус е замислен како повеќефазен проект кој ќе се простира на 20 хектари, а ќе интегрира неколку високообразовни и научно-истражувачки институции во една целина. Вкупната бруто-површина на првата фаза ќе изнесува 110.000 квадратни метри, вклучувајќи нови и модерни објекти за Биолошкиот и Фармацевтскиот факултет, како и дел за биоинженеринг на Технолошко-металуршкиот факултет.

4b

9b

Локацијата на центарот е спроти постојниот воен комплекс „Торлак“ во населбата Кумодраж. Покрај високообразовните институции, комплексот ќе интегрира дури осум национални истражувачки институти, (Институт за молекуларна генетика и генетско инженерство, Центар за одржливо управување со биоресурси и природни производи на Институтот за биолошки истражувања, Институт за медицински истражувања, Институт за мултидисциплинарни истражувања, Истражувачко – развоен Институт за вештачка интелигенција на Србија, Институт „Биосенс“, Институт за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ и Институт за примена на нуклеарна енергија). Предвиден е и научно-технолошки парк со претставници на стопанството и приватниот сектор.

1b

Целта е да се постигне синергија преку концентрација на ресурси и инфраструктура, со цел да се излезе во пресрет на развојот на современите насоки на науката, иновативните идеи и мултидисциплинарните технологии.

Во кампусот ќе бидат собрани 1.400 професори, истражувачи, 4.000 студенти, над 1.000 доктори на науки и ќе бидат сместени 300 најсофистицирани лаборатории.

6b

8b

Во првата фаза на реализацијата ќе бидат изградени објекти за три факултети, објекти за сместување на институтите, конференциски центар, крило на научно-технолошкиот парк Белград, центар за експерименти со животни (вивариум), како и два комерцијални објекти за изнајмување на стопанството и сместување на гостите на кампусот. Комерцијалните објекти ќе бидат во сопственост на кампусот, со што ќе се обезбедат дополнителни приходи за проектот.

5b

Во првата фаза ќе се реализираат сите основни функции на комплексот, додека во следните фази се планира само зголемување на капацитетот. Дополнително, во рамките на кампусот БИО4  планирана е и национална база на податоци за генетски ресурси (биобанка) со голем број податоци, од микроорганизми и растенија, преку животински до човечки гени, што во ера на биотехнологијата ќе биде витален национален ресурс.

Првата фаза А се очекува да биде завршена во 2025. година.

7b 10b 11b

Испрати коментар

Scroll To Top