Секоја недела Белград станува побогат со ново „кул“ место, без разлика дали тоа е бар, ресторан или бистро.
Така, неодамна се отвори Bistro Grad Hometown Food во центарот на Белград.
Се работи за еден убав ентериер, кој е естетски замислен да претставува еден вид на огледало на Белград во контекст на атрактивен простор, а кој е еден вид компилација на различни ентериерски стилови од историјата на Белград.
Токму со таа цел, сопственикот сакал да го долови духот на Белград како отворен град во кој живее и кој интензивно се менува секој ден, а во сето тоа му помогна архитектонскиот тим од „Студио Колеги“: Андреа Бркиќ, Сања Бериќ, Марко Басаровски кој и го потпишува овој сјаен проект.
Во просторот дефинитивно доминираат ѕидови од тули, разни барски столици, и голем број детали, како што се светлечки тела, оголени ѕидови, стари телефони како ѕидна декорација, дрвен бар, акцентен колорит…
Самиот простор е поделен на два дела, при што оној приземниот дел е во функција на барот, додека оној на катот е зона за вкусни јадења, бидејќи во Bistro Grad Hometown Food може и убаво да се јаде.
Се разбира, во летните месеци неизбежна е и терасата, која се наоѓа во самиот центар на белградските настани.